Дома Фудбал Мбапе: Потпишав за голем клуб, нормално е да сум среќен

Мбапе: Потпишав за голем клуб, нормално е да сум среќен

Во текот на последниот ден од преодниот рок Килијан Мбапе и официјално стана втор најскап фудбалер во историјата и се пресели во редовите на ПСЖ.

Мбапе кој во ПСЖ пристигнува како позајмен фудбалер со право на откуп изјави дека искчучително задоволен и среќен од овој трансфер.

„Потпишав за голем клуб како ПСЖ и нормално е да сум среќен, тука ќе играм заедно со фудбалери кои освоиле се во својата кариера, ова е еден од најголемите предизвици во мојата кариера. Се надевам дека моите нови соиграчи ќе ми помогнат да ја подигнам мојата игра на повисоко ниво“, изјави Мбапе.

Да потсетиме, Мбапе пристигнува во ПСЖ за сума од 145 милиони евра и дополнителни 35 како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роки ја избра телевизијата: Ја напушти италијанската судиска асоцијација

Џанлука Роки продолжува како аналитичар на ДАЗН, улога што не може да ја извршува како чле…