По петти пат во кариерата Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар фудбалер во француската Лига 1, а на овој настан се збогуваше и со Пари Сен Жермен.
Пред неколку дена Мбапе објави видео во кое ја соопшти својата одлука за заминување ова лето, а оваа прилика беше прва во која разговараше подетално. Сепак, не откри каде ќе продолжи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Моето ново поглавје ќе биде многу возбудливо, ќе откривам нови работи и тоа ме прави среќен. Во овој момент ми е потешко отколку што ви изгледа. Затворам едно големо поглавје, се обидував да бидам достоен претставник на Лига 1.
Благодарен сум на луѓето во клубот и на претседателот. Навистина многу ќе ми недостасуваат. Од ПСЖ заминувам со крената глава. Кој ќе биде мој следен клуб? Можам да кажам дека заминувам од ПСЖ, за повеќе не е време“, изјави Мбапе.