Дома Топ вести Мбапе за црениот картон: Не жалам што се однесував така!

Мбапе за црениот картон: Не жалам што се однесував така!

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе на натпреварот против Ним доби црвен картон во последните минути, откако го турна противничкиот играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После натпреварот тинејџерот изјави дека не жали за својата постапка, бидејќи постапките на дефанзивците го вадат од колосек.

„Бев вознемирен поради постапките на дефанзивците на противникот. Ова е фудбал, и треба да научите да ги ограничувате емоциите. Кога играте за ПСЖ, ова се случува секогаш. Ова ме вади надвор од колосек, и ќе добијам уште многу други исклучувања. Но, не жалам што се однесував така“, изјави Мбапе.

„Ако ова се случи повторно, би го сторил истото. Се извинувам на навивачите, но не можам немо да гледам што прават дефанзивците. Тој дури и не се обиде да игра фудбал“, додаде ѕвездата на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…