Дома Фудбал Мајка му починала 1986 година, а тој е роден 1990?!

Мајка му починала 1986 година, а тој е роден 1990?!

Случајот со Гелор Канга пред судот на Фудбалската конфедерација на Африка повторно е одложен.

ДР Конго го обвинува Канга за лажен идентитет и лажирање на пасош и државјанство, а одлуката може да влијае на суспензија на неговата репрезентација Габон од Купот на афричките нации каде што Габон беше подобар од Конго во групата.

Како што се наведува во извештите на афричките медиуми, Габон доставил извод од матичната книга на родени кои не дава никакви информации за точната адреа на играчот или неговото семејство.

Габон мора да објасни како мајката на Канга која починала во 1986 година го родила Канга во 1990 година.
Обвинувањата се сериозни и сцеанриото Габон да биде исфрлен од Афричкиот куп на нации може да стане реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…