Дома Останати Кошарка НБА Мајами на една победа од финалето во НБА 🎥

Мајами на една победа од финалето во НБА 🎥

Кошаркарите на Мајами Хит го победија Бостон Селтикс со 112:109 и поведоа во финалната серија на источната конференција на НБА лигата.

Хит беше тимот кој скоро во текот на целиот натпревар имаше резултатска предност. Бостон константно беше блиску но никако не успеваше да направи некоја серија во која би го превземал водството. Селтикси поведоа само на почетокот на последната четвртина, но тоа беше кратко и Хит повторно воспостави контрола над натпреварот. На крајот успеа да дојде до трета победа и водство во серијата од 3:1.

Сега тимот од Мајами го дели една победа од пласманот во финалето на НБА лигата, а петтиот натпревар од серијата се игра ноќта измеѓу петок и сабота.

Фантастичен во редовите на Хит беше Тајлер Херо кој натпреварот го заврши со 37 поени, а имаше и голема помош од Батлер 24 поени, Драгиќ 22 поени и Бем Адебајо 20 поени.

На другата страна кај Селтикси Тејтум уфрли 28 поени и украде девет топки, додека Џејлен Браун имаше 21 поен и девет скокови. Кемба Вокер уфрли 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Се формира „Европска Премиер лига“ – проект тежок 6 милијарди

Англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул започнаа преговори околу формирањето на „…