Дома Фудбал Мата го спаси Јунајтед од пораз на првата проверка (видео)

Мата го спаси Јунајтед од пораз на првата проверка (видео)

„Ѓаволите“ ја започнаа турнеата, со ваков тим и без 13 играчи резултатот е во втор план. До почетокот против Лестер остануваат уште три недели.

Во првата проверка Манчестер Јунајтед ремизираше во Аризона против мексиканската Америка.

Мурињо не можеше да се смета на репрезентативците, плус Санчез кој имаше проблем со визата, па ја доби нешто подоцна. Јунајтед ќе одигра уште пет натпревари, но на поголем дел од овие играчи кои одиграа 1:1 со Мексиканците ќе мора да смета во првото коло против Лестер.

Садионот во Аризона беше полупразен, европските гиганти со ваков состав не се магнет за навивачите.

Мурињо испрати искусен тим, а шест од седум тинејџери кои ги поведе на турнеата добија шанса, дебитираше Грант, ветеранот кој пристигна од Стоук.

Америка поведе со голот на Хенри Мартина, додека Англичаните избегнаа пораз со голот на Хуан Мата после асистенцијата од младиот Чонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…