Дома Трансфер зона Марсијал донел конечна одлука за својата иднина

Марсијал донел конечна одлука за својата иднина

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до лето и не покажува интерес да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Како објави „Скај“, франсукиот напаѓач ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија бидејќи сака да се избори за место во тимот на Ерик тен Хаг.


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Раководството на клубот разговараше со Марсијал и неговиот менаџер и тешко дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година.

Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024.

Се очекува договорот за трансферот на Џејдон Санчо од Јунајтед во Борусија Дортмунд на позајмица да биде комплетиран најдоцна за два дена.

Клубовите постигнаа договор за надоместот и плата, а тоа е договор за позајмица до крајот на сезоната, без можност за купување на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Флик одлучил: Еден фудбалер може да си бара нов клуб – Барселона ја одредила цената!

Ерик Гарсија ќе биде ставен на трансфер листата во јануарскиот преоден рок. Откако се врат…