Дома Фудбал Марсело со порака до Иско: Свирежите се знак дека нешто не правиш како што треба

Марсело со порака до Иско: Свирежите се знак дека нешто не правиш како што треба

Шпанскиот фудбалер за врска Иско Аларкон вчера беше во центарот на вниманието во тешкиот пораз на Реал Мадрид на домашен терен од ЦСКА Москва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско не беше на потребното ниво и доби свирежи од трибините. Таквото однесување на играчот на Реал Мадрид не му се допадна, па им возврати.

„Што сакате…“, им порача Иско на фановите, а неговата реакција наиде на голема осуда на социјалните мрежи.
Во негов прилог не оди и изјавата на Марсело псоле натпреварот.

„Свирежите од трибините секогаш се знак дека нешто не правите како што треба. Не ја забележав неговата реакција. Кога излегував од теренот тргнав да му ја дадам капитенската лента, но тој ја одби и ми кажа да му ја дадам на Карвахал. Не знам зошто го направи тоа“, изјави Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…