Реал Мадрид имаше лоши резултати во подготвителниот период, но со победа против Селта ја отвори новата сезона.
Трансфер пазарот е се уште отворен и неколку големи имиња се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но заменик капитенот Марсело тврди дека на тимот не му се потребни нови засилувања.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Нашата екипа е добра, секогаш е тешко да се освојуваат трофеи, но доколку се фокусираме на работа и тренинг, може се да освоиме. Не ни се потребни нови засилувања“, изјави Марсело.
„Откако дојдов во Мадрид, клубот ме научи да се борам за сите титули. Оваа година не е ништо поразлично. Ние ќе се бориме за титулите во Лигата на шампионите, во Примера и во купот. Знаеме дека секоја година е потешко да се освои Лигата на шампионите. Исто е и со лигата и купот. Во сите земји клубовите напредуваат. Секоја година станува се потешко“, заклучи Бразилецот.