Дома Фудбал Лига на шампиони Марсело вечерва го симна Серхио Рамос од првата позиција!

Марсело вечерва го симна Серхио Рамос од првата позиција!

Бразилецот стигна до важен гол во дресот на Реал Мадрид во победата против Баерн.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите го пречека Реал пред своите навивачите, а на крајот гостинот од Шпанија си обезбеди предност од 1:2 пред реваншот.

Стрелец на голот за 1:1 беше Марсело. Ова за Бразилецот беше седми гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите со што стана најдобриот стрелец помеѓу дефанзивците во оваа фаза од натпреварувањето. Од првото место го симна соиграчот Серхио Рамос.

Иначе Реал на 32 натпревари во кои Бразилецот постигнуваше гол славеше на 30 од нив, запишаа уште едно реми и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…