Џузепе Марота вчера и официјално стапи на должност во Интер, но тоа нема да резултира со големи засулувања на зима, туку следното лето ќе има вистинска револуција во тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најпрво треба да дојде до смена на Спалети. Веќе е извесно после елиминацијата од ЛШ, дека столчето на тренерот се разниша. Марота сака да донесе големо тренерско име на „Џузепе Меаца“, а најголема желба е Антонио Конте или Диего Симеоне.
Марота веќе работи на трансферите на двајцата најголеми италијански таленти, Барела од Каљари и Федерико Киеза од Фиорентина. Цената на двајцата фудбалери во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Притоа, клубот сака да донесе една голема ѕвезда, а прв на листата желби е Лука Модриќ. Доколку Хрватот одлучи да остане во Реал Мадрид, тогаш како алтернатива се споменува Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.
Во секој случај планот на „нероаѕурите“ е следната сезона да му фрлат ракавица на Јувентус и да се борат за Скудетото.