Македонскиот и евроски ракометен шампион Вардар се засили со српскиот интернационалец Марко Вујин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
35-годишниот ракометар потпиша едногодишен договор со Вардар, кој со неговото доаѓање го реши проблемот со десната бековска позиција.
Вујин доаѓа од редовите на Спортинг каде во оваа сеозона одигра седум натпревари и постигна 22 гола во Лигата на шампионите.
Во претходниот период „црвено – црните“ се засилија со Робин Кантегрел, Томислав Јагуриновски, Анте Гаџа, Јосип Векиќ, Филип Талески и Гоце Георгиевски.
Се очекува Вардар наскоро да го комплетира ростерот со ангажирање на уште еден среден бек.