Дома Топ вести „Марка“ ја откри главната трансфер цел на Реал Мадрид!

„Марка“ ја откри главната трансфер цел на Реал Мадрид!

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид водат големи битка на и надвор од теренот, а често знаат да „фрлат око“ на исти фудбалери на трансфер пазарот.

Медиумите тврдат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на шпанскиот репрезентативец и член на Наполи, Фабиан Руиз.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денешното издание на „Марка“ пак открива дека Шпанецот е главна трансфер цел на „кралевите“ и ќе направат се за да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Зидан е во потрага по квалитетн играч за врска и смета дека Руиз би бил идеален наследник на Лука Модриќ.

23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блескаше со младата репрезентација на Европското првенство.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, Наполи никако не сака да се откаже од својата ѕвезда и за неговиот потпис бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…