Дома Топ вести „Марка“ тврди: Роналдо го избрал новиот клуб!

„Марка“ тврди: Роналдо го избрал новиот клуб!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср, а во клубот од Саудиска Арабија треба да заработува 200 милиони евра по сезона, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Шпанските медиуми тврдат дека Роналдо треба да потпише договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2025 година.

„Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Тој во овој клуб ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а во договорот ќе биде ставена и клаузула за рекламирање. Роналдо нема избор. Ниту еден европски клуб не може да ја следи финансиската понуда на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“, пренесува „Марка“, која е блиска до менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш.

Шпанскиот весник тврди дека зделката ќе биде објавена по Светското првенство, бидејќи Роналдо игра со Португалија на Мундијалот во Катар.

Тренер на Ал Наср е Французинот Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на клубот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Виљареал Алваро Гонзалес. Ал Наср, заедно со Ал Хилал, најтрофејниот клуб во Саудиска Арабија.

Роналдо неодамна го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а претходно настапуваше за Спортинг, Реал и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Леброн: Јас сум најдобриот кој ја играл оваа игра

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Леброн го сруши реко…