Дома Трансфер зона „Марка“: Барселона донела одлука за Ракитиќ

„Марка“: Барселона донела одлука за Ракитиќ

0

Уште едно бурно лето е зад Иван Ракитиќ кој повторно се сели по разни еврсопски клубови.

Според шпанските медиуми Барселона се обидувала да го вклучи во трансферот на Нејмар за да ја намали цената на Бразилецот, но денес „Марка“ пишува дека Хрватот ќе остане во клубот.

Иако Ракитиќ се уште не е јасен околу својата желба – останување во Барселона, што го повторува од година во година, гласините не можат да се спречат. Така ова лето се поврзуваше со ПСЖ и Манчестер Јунајтед, додека во последните денови се пишуваше дека Барса може да направи размена со Јувентус, Емре Чан за Ракитиќ.

Меѓутоа таа можност пропадна и сега станува јасно дека Ракитиќ ќе остане.

Во изминатата сезона Ракитиќ беше исклучително важен играч кај Валверде и одигра 54 натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер конечно најде купец за Габигол

Габриел Барбоса – Габигол пред три години пристигна во Интер како големо засилување, но не…