Дома Трансфер зона Манџукиќ одбил милиони кој му ги понудил српскиот тренер

Манџукиќ одбил милиони кој му ги понудил српскиот тренер

Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ не сакал да го напушти Јувентус.

Во текот на целиот трансфер период, името на Манџукиќ се поврзуваше со заминување од Јувентус, особено затоа што не е во плановите на Сари, меѓутоа до трансфер не дојде. Манџукиќ ризикуваше и остана во Јувентус, барем до зимата, а италијанските медиуми во меѓувреме открија една од милионските понуди кои претходните недели ги имал на масата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Искусниот фудбалер бил желба на Славиша Јокановиќ кој ја предводи Ал-Гарафа. „Gazzetta dello Sport“ пишува дека од Катар имало понуда до Јувентус која била прифатена, но трансферот го стопирал Манџукиќ, бидејќи не сакал да игра егзотичен фудбал. Наводно Ал-Гарафа му понудила на Манџукиќ повеќе од пет милиони евра за сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…