Дома Трансфер зона Манџукиќ не патува во Фиренца, го напушта Јувентус

Манџукиќ не патува во Фиренца, го напушта Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ наскоро ќе го напушти клубот и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот не влегува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари и нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампиони.

Во текот на целото лето имаше шпекулации за трансфер на 33-годишниот напаѓач, но тој остана во Торино. Меѓутоа, сега има шанси Манџукиќ да ја прифати понудата од Блискиот Исток.

Трансферите во Катар се отворени до крајот на септември, а неколку клубови се заинтересирани за хрватскиот напаѓач.

Последните информации кои доаѓаат од Апенините тврдат дека Манџукиќ не е повикан за денешниот натпревар против Фиорентина, што е јасен знак дека Хрватот е на излезна врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…