Дома Трансфер зона Манџукиќ на крајот може да заврши во поранешниот клуб

Манџукиќ на крајот може да заврши во поранешниот клуб

0

Како размислува Маурицио Сари баш и не е јасно, но Хасан Салихамиџиќ нема дилеми – Марио Манџукиќ и со 33 години е идеален играч за Баерн.

Утрово реномираниот „Билд“ објави дека Баерн Минхен ќе се обиде да го врати Манџукиќ кој сега во Минхен би пристигнал како замена за Роберт Левандовски.

„Билд“ тврди дека Салихамиџиќ веќе разговарал со неколку кандидати за испразнетото место и наводно Манџукиќ котира високо на таа листа.

Договорот со Јувентус му важи до 2021 година и минатата сезона во голема конкуренција во Торино имаше солидна минутажа. Меѓутоа на Апенините пишуваат дека Хрватот е во групата на играчи кои Јувентус сака да ги продаде ова лето.

Во Торино сакаат сакаат да имаат плис на сметката, а оваа сезона е веројатно последната шанса од Манџукиќ да заработат солидна сума. Досега Манџукиќ се поврзуваше со Борусија Дортмунд, но сега и Баерн е реална можност.

Се чекаше Сари да одлучи. Нема Јувентус да заработи кој знае колку, но сепак сумата од 15 милиони евра за која пишуваше „Газета“ и не е така лошо.

Манџукиќ во главно е играч кој може да се каже дека е потценет и прави трансфери за пониски суми ако погледнеме што се случува на трансфер пазарот. Волфсбург го доведе од Динамо за седум милиони евра, Баерн во 2012 год купи за 13 потоа премина во Атлетико за 22, за во 2015 Јувентус да го доведе за 21 милион евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан на состанок со Мендеш: Откриена темата на разговор

Милан катастрофално ја отвори сезоната и моментално се наоѓа на 14-то место, па „росонерит…