Селекторот на Италија Роберто Манчини смета дека Кристиано Роналдо не игра во Лигата на шамионите како што тоа беше случај претходно.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ќе потсетиме, Јувентус неодамна на „Ванда Метрополитано“ изгуби на гостински терен од Атлетико Мадрид со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Кристиано Роналдо не направи многу во натпреварот против тимот кој додека беше член на Реал Мадрид и тоа како му „лежеше“.
Роберто Манчини сега даде свој коментар на оваа средба.
„Јуве – Атлетико? Јасно беше дека тоа ќе биде тежок натпревар. Не постои магична формула за пресврт, но Јувентус е искусен тим. Доволно е да се потсетиме дека минатата сезона беа блиску да го свртат резултатот во своја корист откако во првиот натпревар против Реал изгубија со 3:0“.
Следуваше коментар за човекој кој беше доведен за да се направи тој исчекор во Европа.

„Роналдо оваа сезона во Лигата на шампионите не е на нивото од претходните, но тој секогаш може да направи нешто големо. Во Серија А му оди добро, па според мене има солидна сезона“, изјави Манчини.
Јувентус во најелитното европско натпреварување сега го очекува реваншот против клубот од Мадрид и доколку „старата дама“ сака продолжување на европскиот сон ќе мора да ја надополни негативата од првата средба.