Роберто Манчини и Саудиска Арабија се разделија по само нешто повеќе од една година соработка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчини беше назначен за селектор на Саудиска Арабија во август 2023 година и потпиша четиригодишен договор. Сепак, потпросечните резултати на националниот тим изминатиот период ги натераа челниците на саудискиот фудбал да реагираат и спогодбено да го раскинат договорот Италијанецот.
Тој 20 натпревари ја предводеше селекцијата на таа земја. Забележа 8 победи, 7 нерешени и 5 порази.
Саудиска Арабија моментално е на третото место во групата Ц од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година, со 5 бода по четири кола.