Кристиано Роналдо со стил го отвори Европското првенство и уште еднаш покажа дека за него годините се само бројка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговата иднина во Јувентус е неизвесна и веќе подолго време се шпекулира дека ќе ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати Роналдо на „Олд Трафорд“ и веќе работи на трансферот.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат 17 милиони фунти по сезона во следните три години.
Јувентус сака да се ослободи од Португалецот и е спремен да го пушти за сума од 30 милиони евра.