Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми богатство за ѕвездата на Лестер

Манчестер Јунајтед спреми богатство за ѕвездата на Лестер

Играчот за врска на Лестер, Џејмс Мадисон е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе ги започнале преговорите за 22-годишниот фудбалер на Лестер.

Преговорите се во почетна фаза и „црвените ѓаволии“ се уште немаат испратено официјална понуда, но се смета дека клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да понуди 60 милиони евра за Мадисон.

Минатото лето Лестер на Норвич му плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а младиот играч за врска оваа сезона се наметка како клучен фудбалер на „лисиците“.

Мадисон во својата дебитантска сезона во Премиер лигата одигра 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша исто толку асистенции.

За него интерес покажуваат неколку англиски гиганти, но интересот на Манчестер Јунајтед е најконкретен.

https://youtu.be/zoCESVM4YW4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…