Дома Фудбал Манчестер Јунајтед со многу среќа до полуфиналето на ФА Купот

Манчестер Јунајтед со многу среќа до полуфиналето на ФА Купот

Првиот натпревар во четвртфиналето на ФА Купот помеѓу Норвич и Манчестер Јунајтед заврши со победа на гостинската екипа.

Јунајтед беше апсолутен фаворит во овој натпревар, но пласманот понатаму го осигураа многу потешко од очекуваното.

Првото полувреме беше за заборав и тоа за двете екипи бидејќи не направија ниту една сериозна прилика.

Во второто полувреме, на самиот старт, поточно во 51. минута гостите дојдоа до водство, а голот го постигна Игало.

Израмнувањето стигна во 75. минута со прекрасниот погодок на Кантвел. До крајот на натпреварот играчот на домашниот тим Клосе заработи црвен картон.

Во продолженијата Манчестер Јунајтед беше доминантен и на крајот заслужено се пласира во полуфиналето, а голот го постигна Мегваер во 118. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук во налет: Истра е следниот тест за лидерот

Со четири победи во низа, Хајдук гостува кај седмопласираната Истра во 11. коло од хрватск…