Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед со играч од кој едвај чека да се ослободи сака да ја намали цената на Санчо

Манчестер Јунајтед со играч од кој едвај чека да се ослободи сака да ја намали цената на Санчо

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе ја намали цената на Џејдон Санчо кој се очекува ова лето да пристигне на „Олд Трафорд“ од Боруисија Дортмунд.

„Мундо Депортиво“ пишува дека англискиот клуб ќе се обиде да ја намали цената така што во договорот за младиот фудбалер ќе го вклучи Алексис Санчез кој годинава игра во тимот на Интер.

Чилеанецот важеше за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, но по трансферот во Манчестер Јунајтед неговата кариера тргна надолу, па тој веројатно ќе си оди од клубот по крајот на оваа сезона.

Од Борусија Дортмунд можеби ќе сакаат да влезат во преговори со Јунајтед доколку Санчез се согласи да ги намали примањата кои во моментов му се екстремно високи. Тој заработува близу 400.000 фунти неделна плата, а голем дел од оваа плата му ја покрива Манчестер Јунајтед иако тој игра за Интер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер започна преговори со ѕвездата на Челзи

Раководството на Интер започна преговори со левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери, пренесув…