Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за аргентинската ѕвезда

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за аргентинската ѕвезда

Манчестер Јунајтед е последниот европски гигант кој се вклучи во трката по ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.

За Алварез веќе подолго време интерес покажуваат Милан и Барселона, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и да ја плати откупната клаузула во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…