Дома Топ вести Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Алкантара

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Алкантара

Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, пренесуваат медиумите на Островот.

Алкантара има договор со Баерн Минхен уште една година, но одби да ја продолжи соработката бидејќи сака да ја промени средината ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баварците нема да му стојат на патот и се спремни да го продадат, а како фаворит за неговиот потпис важи Ливерпул.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со менаџерот на 29-годишниот играч, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед.

Германскиот клуб за слободата на Алкантара бара 30 милиони евра, сума која се спремни двата клуба да ја платат, па сега останува да видиме кој клуб ќе го избере шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…