Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед пронајде алтернатива за Санчо

Манчестер Јунајтед пронајде алтернатива за Санчо

Прва трансфер цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ пронајдоа алтернатива доколку не успеат да го реализираат трансферот на англискиот репрезентативец.

Станува збор за крилниот напаѓач на Шалке, Раби Матондо, кој исто како Санчо го напушти Манчестер Сити пред година и половина и игра одлична сезона во Бундеслигата.

„Граѓаните“ за него добија 11,5 милиони фунти, но сега 19-годишниот крилен фудбалер вреди скоро три пати повеќе.

Матондо е роден во Ливерпул, но игра за репрезентацијата на Велс, и комплетно се вклопува во профилот на играчи кои ги бара Манчестер Јунајтед – млади перспективни британски фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…