Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед продлжува да разочарува: Вакво нешто му се случува за прв пат

Манчестер Јунајтед продлжува да разочарува: Вакво нешто му се случува за прв пат

Манчестер Јунајтед е еден од најпопуларните и најбогатите клубови на денешницата, меѓутоа по резултатите кои ги прикажува оваа сезона не би можеле тоа да го кажеме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од натпреварот во натпревар „црвените ѓаволи“ доживуваат понижувања, а последното беше видено во натпреварот од 2-то коло во Лигата на Европа кога вчера одиграа 0:0.

Оле Гунар Солскјер на тренерот испрати тим кој имаше вредност од 249 милиони фунти, меѓутоа натпреварот Јунајтед го заврши без ниту еден шут во рамките од голот.

Такво нешто на Манчестер Јунајтед му се случува за прв пат во европските натпреварувања.

Освен тоа со ова реми екипата од „Олд Трафорд“ стигна до десет натпревари во низа без гостинска победа, а сметајќи ги сите натпреварувања на последните 22 натпревари запишаа само пет победи.

За викендот Јунајтед го чека натпревар на „Сент Џејмс Парк“ кај незгодниот Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо по 13 години се враќа во Реал Мадрид

Големи промени се најавуваат во Реал Мадрид во пресрет на летниот преоден рок, а една од п…