Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“, но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор.
„Билд“ тврди дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со агентот на Чалханоглу и е спремен да го задоволи неговите финансиски барања.
Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден бидејќи „црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуда.