Дома Трансфер зона Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за холандската ѕвезда

Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за холандската ѕвезда

Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.

22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момен и оваа сезо на 22 меча постигна 13 гола и запиша 16 асистенции во сите натпреварувања.

Тен Хаг смета дека Холанѓанецот ќе биде идеална замена за Роналдо, но „црвените ѓаволи“ ќе треба да ја победат конкуренцијата.

Имено, Ливерпул сериозно се вклучи во трката за Гакпо и Клоп ќе се обиде да го донесе на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…