Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед договори 16-годишен шпански талент

Манчестер Јунајтед договори 16-годишен шпански талент

Манчестер Јунајтед постигна договор со Сарагоса за трансфер на шпанскиот „вундеркинд“ Матео Мехија, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите „црвените ѓаволи“ за младиот голмајстор ќе платат 130.000 фунти. Мехија го привлече вниманието на англискиот клуб со 60-те гола кои ги постигна минатата сезона за младиот тим на Сарагоса.

Уште во јуни Манчестер Јунајтед се обиде да го договори трансферот, но дури сега двата клува најдоа заединчки јазик.

16-годишниот Мехија веќе тренира со „црвените ѓаволи“, бидејќи немаше професионален договор па имаше право слободно да тренира со друг клуб.

Интерес за него покажуваше уште Реал Мадрид и неколку други европски гиганти, но Манчестер Јунајтед ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…