Манчестер Јунајтед е многу блиску до комплетирање на трансферот на Моизес Каиседо, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за еквадорски талент кој го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Погба“.
Манчестер Јунајтед има стратегија за привлекување на млади таленти и веќе го купи Амад Диало од Аталната, па Каиседо се вклопува во таа стратегија.
Каиседо важи за голем талент и беше на мета на многу европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ја водеа Манчестер Јунајтед и Милан.
„Црвените ѓаволи“ ја добија битката и го договорија трансферот на Каиседо за 5 милиони фунти.