Дома Топ вести Манчестер Јунајтед доведе тренер кој доживеал дебакл од Тен Хаг

Манчестер Јунајтед доведе тренер кој доживеал дебакл од Тен Хаг

Наскоро Рубен Аморим ќе биде промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед и во тоа нема никакви дилеми, а пред да седне на клупата на „црвените ѓаволи“ медиумите потсетија на неговите дуели со Ерик Тен Хаг.

Станува збор за натпревари од 2021 година кога Тен Хаг го водеше Ајакс и на Амроим кој и во тој период беше на клупата на Спортинг му нанесе два тешки порази.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ајакс ги доби двата натпревари во Лигата на шампионите и тоа со вкупни 9:3. Во првиот натпревар холандскиот гигант славеше со 5:1, додека во вториот со 4:2.

Ќе потсетиме, Тен Хаг доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед по лошите резултати со гигантите од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…