Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го сака „бисерот“ на Салцбург

Манчестер Јунајтед го сака „бисерот“ на Салцбург

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младиот талент на Салцбург, Бенџамин Шешко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скаути на „црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат 19-годишниот Словенец и сакаат да го доведат  на „Олд Трафорд“.

Британските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ веќе го контактирале неговиот клуб за да го добијат потписот на младиот напаѓач, но сигурно нема да биде лесна задача.

Напаѓачот е прв избор на „биковите“ во новаата сезона и веќе постигна два гола, додека вкупно има 12 погодоци во дресот на Салцбург.

Шешко пристигна во Салцбург во 2019 година и првите две сезони играше на позајмица во Лиферинг. Словенецот покажа дека е исклучителен талент и интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…