Дома Македонски спорт Манев му „асистираше“ на Калулу: Франција до минимален триумф во Скопје

Манев му „асистираше“ на Калулу: Франција до минимален триумф во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес на Арената „Тодор Проески“ го одигра натпреварот од квалификациите за Европското првенство против Франција.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Франција беше апсолутен фаворит пред натпреварот и таа улога ја оправда на теренот. Иако победија со минимален резултат сепак Франција од почетокот до крајот на мечот доминираше и ја контролираше играта. Денковски на голот запиша неколку одлични интервенции.

Првото полувреме помина без голови.

Одлучувчакиот момент на натпреварот се случи во 75. минута кога Јован Манев од Брегалница погреши во дефанзивата и му „асистираше“ на фудбалерот на Милан, Калулу на кој не му беше тешко да го совлада Денковски.

До крајот на натпреварот гледавме иста слика на теренот, Франција ја држеше топката во свој посед и не ни дозволуваше ниту да се доближиме до нивниот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…