Дома Фудбал Италија Малдини: Победив во пет финалиња во ЛШ, но луѓето го паметат тоа едно

Малдини: Победив во пет финалиња во ЛШ, но луѓето го паметат тоа едно

Паоло Малдини се потсети на легендарното финале помеѓу Милан и Ливерпул во 2005 година.

Легендарниот играч на Милан зборуваше за УЕФА и го прокоментира финалето во кое италијанскиот клуб водеше со 3:0, а потоа тимот од „Енфилд“ стигна до 3:3, а на крајот преку пенали стигна и до трофејот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Малдини веднаш во 1-та минута ги доведе „росонерите“ во водство и така стана играчот со најбрз гол во финалињата на ова натпреварување, но на крајот не го паметеше по добро Инстанбул.

„Мојот гол во финалето 2005 година е најбрз во финалињата од Лигата на шампионите. Тоа најдраматични доказ дека работите не можат да се сфатат здраво за готово. Ми доаѓа да смеам затоа што играв осум финалиња во ЛШ и пет од нив освоив, но луѓето изгледа го паметат тоа едно“.

„Бевме фаворити игравме многу подобро од Ливерпул во текот на целиот натпревар освен во тие шест минути. Констатно бевме опасни и напаѓавме“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…