Дома Топ вести Малдини на гости кај Перез: Што ќе биде тема на разговор?

Малдини на гости кај Перез: Што ќе биде тема на разговор?

0

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан денес ќе пристигнат во Мадрид на средба со претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.

Милан и Реал Мадрид традиционално имаат одлични односи, па новото раководство доби покана од претседателот Перез на заедничка вечера во Мадрид.

Италијанските медуми откриваат дека на состанокот ќе се разговара за некои фудбалери на Реал Мадрид. „Кралевите“ прават голема реконструкција, па многу фудбалери ќе бидат продадени ова лето, а за некои од нив интерес покажува и Милан.

„Скај Италија“ и добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио откриваат дека главна тема ќе биде играчот за врска Дани Себаљос, кој е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.

Покрај Себаљос, Милан во моментов покажува интерес уште за Маријано Дијаз, Маркос Љоренте и Матео Ковачиќ.

Во секој случај оваа средба е знак дека добрата соработка помеѓу двата европски гиганти продолжува, па останува да видиме дали ќе биде договорена некоја трансфер зделка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зидан конечно се огласи за статусот на Бејл во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на Герет Бејл. Шпанските меди…