Дома Фудбал Малдини и Бобан им објасниле на играчите на Милан зошто заминуваат

Малдини и Бобан им објасниле на играчите на Милан зошто заминуваат

Италијанските медиуми веќе на големо пишуваат дека Звонимир Бобан и Паоло Малдини ќе го напуштат Милан.

Многу бура на Апенините предизвика интервјуто кое го даде Бобан и во кое го обвини извршниот директор Иван Газидис дека му работи зад грб, а епилог од целата приказна веројатно ќе бидат откази.

Според информациите одлучено е Бобан и Малдини кои се главни оперативци на „Сан Сиро“ да бидат отпуштени и скоро сите италијанси медиуми тврдат дека е само прашање на време кога и официјално ќе бидат отпуштени.

Не е тајна дека тандемот Бобан-Малдини не се сложуваше најдобро со Газидис. Сега медиумите на „Чизмата“ стигнаа до информации дека двајцата денес им соопштиле на играчите дека заминуваат.

„Им ја објаснија ситуацијата и им кажаа дека заминуваат“, пишуваат на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…