Дома Останати Тенис Мала победа на Ѓоковиќ пред вечерашното судење

Мала победа на Ѓоковиќ пред вечерашното судење

Конечната одлука за депортација или останување на Ѓоковиќ во Австралија ќе биде донесена вечерва.

Вечерва некаде пред полноќ ќе биде одржано завршното судење пред Федералниот суд. Пред ова судење тимот на Ѓоковиќ доби една мала победа. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ бараше судењето да биде со тричлена комисија, а не со едно лице како што бараше другата страна.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Судот одлучи да се суди во тричлена комисија и така ако судот пресуди во корист на Ѓоковиќ се ќе биде завршено. Во случај да се судеше пред едно лице министерот Хок ќе имаше право на жалба на одлуката, вака тоа не е случај.

Вечерашното судење Ѓоковиќ го чека во притвор на тајна локација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ја стави главата во кофа со мраз по финалето во Индијан Велс (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка успеа по неверојатна борба во три сета и заврше…