Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава доминира во дресот на Париз.
Откако лани со германскиот Бон ја освои Лигата на шампионите на ФИБА и беше прогласен за МВП, најкорисен играч во натпреварувањето, истото признание сега го доби и во Еврокупот за сезоната 2023-24.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нашиот плејмејкер доби најмногу гласови од тренерите во Еврокупот, капитените на клубовите, фановите и медиумите.
Регуларниот дел од сезоната ја заврши со просек од 17,3 поени, 3,1 скокови, 7,6 асистенции и 1,8 украдена топка по меч.
Имаме француско финале во Еврокупот, Париз за титулата ќе игра против Бург. Првиот натпревар ќе се игра денеска од 20.30 часот, три дена подоцна е втората пресметка, а третата, доколку е потребно, ќе сеи гра на 17 април.
TJ Shorts is the EuroCup 2023/24 MVP 🏅
— BKT EuroCup (@EuroCup) April 9, 2024
In his first season in the competition, Shorts has led @ParisBasketball to record-setting numbers, as well as a 20-1 record entering the EuroCup Finals.
Congratulations @TjShorts5 on a one-of-a-kind season 👏 pic.twitter.com/5UqBOof7tw