Дома Македонски спорт Македонски голман ќе брани во Португалија!

Македонски голман ќе брани во Португалија!

Васко Василев е еден од најголемите македонски голмански таленти, сега кариерата ја продолжува во португалски Рио Аве.

Василев има само 18 години и брани за тимот до 19 години, а ќе биде втор голман на екипата на Рио Аве до 21 година. Секако дека за него ова е голем чекор напред во кариерата.

Потекнува од младинската школа на Варадар, меѓутоа по падот на црвено-црните се пресели во Динамо Врање од каде што потпиша за Црвена Звезда летото 2019 година. Беше испраќан на позајмици во Графичар и Рад Белград.

Кога се репрезентациите на Македонија во прашање бранеше за селекциите до 15 и 17 години, а во овој момент е член на У18 репрезентацјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пет боксери на Пинк пантер во Лозница, проверка пред штипскиот меморијал

Штипскиот клуб отпатува на меѓународен турнир со тренерот Петар Чурлиновски. Настапот ќе б…