Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонскиот шампион ремизираше кај Малме: Резултатот отворен пред реваншот во Скопје (Видео)

Македонскиот шампион ремизираше кај Малме: Резултатот отворен пред реваншот во Скопје (Видео)

Во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот носител на трофејот, Вардар ремизираше на гостувањето кај Малме во Шведска (1:1)

Во првиот дел не беше постигнат ниту еден погодок, а резултатот го отвори Бобан Николов кој на асистенција на Балотели направи вистинска мајсторија во 63. минута.

Но во 75. минута стигна одговорот и од домашниот состав, кој до реми стигна благодарение на погодокот на Брорсон.

Реванш дуелот ќе се одигра на 18. месецов во Струмица.

Во останатите дуели од терминот во 19:00 часот, Апоел славеше кај Дуделанге со 1:0,Хапоел Бер Шева со 2:1 триумфираше над Хонвед, Траспол беше поуспешен од албански Кукеши, а ремизираа екипите на Зринјски и Марибор со резултат 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Чатлески ја брка четвртата победа во Неготино, Мариќ е следниот тест

Непоразениот Матеј Чатлески ќе боксува со Леон Мариќ на 31 октомври во Неготино. Нивниот м…