Информациите кои вчеравечер се појавија во медиумите се навистина неверојатни за спортот кој според успесите е број еден во Македонија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, во Германија и Данска во Јануари ќе се одржи Светското првенство во ракомет на кое учество ќе има и нашата репрезентација.
Но, ова Светско првенство нема да се пренесува на ниту една македонска телевизија.
Вакво нешто се случува за прв пат во историјата на македонскиот спорт. Навистина изгледа неверојатно тоа што Македонија ќе биде помеѓу најдобрите во светот, а ние ќе немаме прилика да ја гледаме со македонски коментатор и на македонска телевизија.
Мундијалот ќе се пренесува на Арена Спорт.