Дома Останати Кошарка Македонија на домашен терен ќе ги игра претквалификациите за Светското првенство во 2023 година

Македонија на домашен терен ќе ги игра претквалификациите за Светското првенство во 2023 година

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе има можност на домашен терен да се бори за пласман во главниот дел од квалификациите за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бордот на ФИБА денес донесе одлука Скопје да биде еден од домаќините на турнирите како дел од претквалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. На домашен терен ние ќе играме со Швајцарија и Словачка во период од 12 до 18 август.

Прво ќе играме со Швајцарија на 12. август, два дена подоцна со Словачка и на 16. и 18. ќе одиграме уште по еден дуел со истите селекции. Првите две репрезентации во групата обезбедуваат место во главните квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…