
Новата генерација до 21 година предводена од Драги Канатларовски денес славеше на првиот тест против Босна и Херцеговина. На пријателскиот натпревар кој се одигра во Ѓорче Македонија славеше со 1:0.




Единствениот гол на натпреварот го постигна фудбалерот на швајцарски Вил Луан Абази. Голот беше постигнат после само три минути игра во второто полувреме.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Македонија во текот на целиот натпревар беше подобар противник и овој натпревар е добра најава за новата генерација, со оглед дека претходната и немаше некои резултати. Квалификациите во групата ги завршивме како претпоследни.




Новиот тест следи во недела на „Петар Милошвски“ повторно против Босна.
Фото: ФФМ