Дома Македонски спорт Македонија до 19 години: Убедлив пораз од Турција на втората контролка

Македонија до 19 години: Убедлив пораз од Турција на втората контролка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години попладнево беше поразена од Турција во вториот пријателски натпревар со 0:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После ремито во првата контролка (1:1) избраниците на Дашмир Беари беа убедливо поразени на вториот меч кој исто така се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Турција постигна по два гола во двете полувремиња. Јагит Емре Челтик постигна два гола, Полат Јалдир и Полат Абдај уште еден.

Mинатиот месец оваа селекција до 19 години беше поразена од Словенија (3:4), ремизираше со Саудиска Арабија и Словачка на турнирот во Словенија, додека сега забележа реми и пораз. Ова значи дека без победа во овие подготовителни натпревари ќе го дочекаме квлаификацискиот турнир во Албанија каде што покрај домаќинот ќе настапат уште Србија и Франција во групата во која сме ние.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…