Ракометната репрезентација на Македонија денес патува за Луксембург каде што утре ќе го игра натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поразите од Португалија се зад нас и сега избраниците на Лазаров веруваат во две победи со кои би обезбедиле пласман на континенталниот собир. Од составот на Лазаров за гостувањето кај оваа селекција отпадна Томовски, а шанса ќе доби Кизиќ заедно со првиот голман Никола Митревски.
Освен Томовски во Скопје остана и Едвид Омерагиќ од Алкалоид кој беше дополнително повикан на овој собир по повредите на Петров и Стојковиќ.
Натпреварот против Луксембург Македонија го игра утре од 20:15 часот, додека в недела во Скопје ќе гостува селекцијата на Турција во терминот од 18:00 часот.