Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски најави дека би можел да се пријави на НБА драфтот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На социјалните мрежи Јакимовски најави дека размислува да биде дел од изборот на нови кошаркари во НБА.
„Ќе ги разгледам опциите, а размислувам и да се обидам на НБА драфтот. Во исто време постои и можност да се вратам во Вашингтон Стејт“, стои во дел од објавата на македонскиот кошаркар.
Во претходните четири години Јакимовски го носеше дресот на универзитетот Вашинготон, а ако се пријави и на тој начин дојде до НБА ќе стане првиот Македонец кој дошол до најсилната кошаркарска лига на тој начин.
Перо Антиќ досега е единствениот кошаркар од Македонија кој играл во НБА, но тој дојде со директен трансфер во Атланта.