Дома Македонски спорт Македонецот Стефановски светски шампион во кик-бокс (видео)

Македонецот Стефановски светски шампион во кик-бокс (видео)

Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.

ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше, Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.

Стефановски доминираше против Францускиот противник Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда.

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година.

Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Консевич го отвора македонскиот настап во Астана, шестмина борачи чекаат ред

Вероника Консевич денеска се соочува со Нигеријката Адијат Идрис во категоријата до 55 кил…