Дома Фудбал Италија Лука Тони предвидува кој ќе биде најдобар стрелец во Серија А – не „типува“ на Роналдо

Лука Тони предвидува кој ќе биде најдобар стрелец во Серија А – не „типува“ на Роналдо

luca toni

Поранешниот напаѓач на Фиорентина и Баерн Минхен, Лука Тони го изнесе своето предвидување пред почетокот на новата сезона во Серија А.

Секако, оваа сезона и тоа како ќе биде интересна борбата за прв стрелец во лигата, награда која Тони своевремено ја освои во дресот на тимот од Фиренца. Тој смета дека во претсојната сезона за оваа награда ќе се борат: Роналдо, Игуаин и Икарди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Со купувањето на Роналдо, Јувентус ги присили и останатите да клубови да бидат активни на трансфер пазарот. Интер заврши навистина одлична работа, ги доведоа Де Фрај и Асамоа како слободни играчи, а потоа пристигнаа Раџа Наинголан, Кеита Балде…“

„Во меѓувреме Игуаин на Милан ќе му донесе поголем квалитет. Роналдо, Игуаин и Икарди можат да постигнат повеќе од 30 голови во лигата. Тоа ќе биде одлична борба. Роналдо е супер ѕвезда, а двајцата Аргентици се врвни голгетери. Моето предвидување? Пипита (Игуаин) ќе биде прв стрелец“, порача Тони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…